еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Рано е за отварање на аеродромите, вели Филипче

На денешната прес-конференција, министерот Венко Филипче посочи дека се уште е рано да се отворат аеродромите во земјава.

„Сѐ уште е рано да размислуваме за отворање на аеродромите. Тоа отвора други прашања за тоа од каде доаѓаат луѓето. Голема бројка на граѓани ќе стигнат“, рече Филипче.

Аеродромот во Македонија беа затворени во март.

Пред неколку дена од Министерство за транспорт и врски потсетија дека на сила се уште важи Одлуката за затворање на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. „Апостол Павле“ во Охрид и апелираа граѓаните да не резервираат авионски карти.

„Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродрoмите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

Имајќи ја предвид настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци,“ информираа од Министерство.

Оваа реакција на министерство следуваше откако во дел од медиумите беше објавено за воспоставување на авионските линии преку авио-превозниците кон средината на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Корона“ кризата “удири“ на преработувачката индустрија

Фирмите кои ќе воспостават шалтерски систем за работа ќе имаат приоритет за отварање

Почина уште еден пациент заболен од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 90

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има говор на Мечкин камен за 2 Август, Пендаровски ги кани Заев, Џафери и политичките лидери заедно да го слават Илинден

Редакција

Нови 145 заболени од Ковид-19 од 1.772 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Редакција