еМагазин
Image default
Македонија

Рашиди од Алијанса на Албанците ја напушти средбата кај Џафери: Се протуркува идејата за амнестија за настаните од 27 април

Во Собранието се одржува координативната средба за формирање на комисијата за помирување и интеграција на иницијатива на независната пратеничка група.

Кратко по почетокот на средбата од неа замина претставникот на Алијансата на Албанците, Сурија Рашиди кој рече дека многу е нејасна иницијативата и тоа кој со кого треба да се помирува.

– Се доби впечаток дека се работи за дневно-политичка потреба, за отворање на мала врата за протуркување на идејата за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, рече Рашиди.

Алијансата за Албанците, според него, е за помирување, но врз основа на стратешките цели на државата за интеграција во НАТО и во ЕУ.

– Сега сме во постапка на уставни амандмани и преку оваа постапка ја гледаме вистинската смисла на координативното тело за помирување што би требало да ги опфати интеграциските процеси и затворање на отворените внатрешни проблеми, рече Рашиди.

Координативната средба со која претседава претседателот на Собранието Талат Џафери е се уште во тек и се очекува по нејзиното завршување новинарите да бидат информирани за начинот како ќе функционира комисијата за помирување и каква ќе биде нејзината методологија за работа.

Присуствуваат координаторите на сите политички групи, освен кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески.

На координацијата се и потпретседателите на Собранието, Фросина Ташевска Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди, како и генералниот секретар Цветанка Иванова.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска координација кај Џафери: Ќе се формира ли „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска отвори два предмети против Мицкоски

Редакција

Нови 92 случаи на Ковид-19 од 1.176 тестови, 13 се реинфекции

Редакција

541 санкција за неносење заштитна маска

Редакција