еМагазин
Image default
Бизнис

Распишани повици за чартер летови за враќање македонски граѓани од Малта и Хрватска

Владата денеска објави јавни повици за организирање авионски превоз за македонски граѓани со моментален престој во странство за враќање во земјава од Малта и од Хрватска.

Повикот е отворен до вечер до 22 часот, а летовите треба да се организираат најдоцна до петок 12 часот напладне.

-Владата на Република Северна Македонија денеска (25 март 2020 година) објави јавен повик за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство.

За дестинации за чартер летови се утврдени Малта – Скопје (148 патници) и Загреб – Скопје, (226 патници).

Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до 27 март 2020 година (петок) до 12:00 часот, информира владината прес-служба.

Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до земјава.

Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор, се вели во соопштението од Владата.

Понудите треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected].

Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да се достават најдоцна до вечер до 22:00 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

-Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин. Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор, информира владината прес-служба.

Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:

Назив на примач:

Буџет на Република Северна Македонија

Транс.сметка: 100 000000063095

Сметка на корисник: 630010001963019

Приходно конто: 725939 00

Во цел на дознака: Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.

Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 177 заболени: Регистрирани нови 29 случаи, од кои 20 од Скопје

За старите лица кои не можат да излегуваат од дома, тука е Трајче од пазарче

(Видео) Диџеј од Струга со настапи на тераса „против“ корона вирусот

(Видео) Путин облече скафандер и ги посети заразените од корона вирусот во Москва

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 нови вработувања во Министерството за информатичко општество и администрација

Редакција

Групацијата ЗК Пелагонија во загуба од 189.7 милиони денари

Редакција

Сите членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ се стекнаа со акции од компанијата

Редакција