еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Распоред за инфо-денови за мерка 3 од ИПАРД-програмата 2014-2020

Продолжува кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020, од страна на секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во рамки на едукативната кампања, ќе се одржат инфо-денови во неколку градови, каде што заинтересираните граѓани и правни субјекти ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од оваа програма.

На 9 јануари 2020 година, инфо денови ќе се одржат во Ранковце од 10:00 часот во Противпожарниот дом и во Свети Николе од 14:00 часот во Големата сала во Собранието на општина Свети Николе.

На 10 јануари, кампањата за едукација за ИПАРД фондовите ќе биде во Струмица и ќе започне од 11:00 часот.

Инфо караванот продолжува на 15 јануари во Прилеп со почеток во 11 часот. 16 јануари е резервиран за жителите на Тетово со почеток во 10:00 часот и Кичево со почеток во 14:00 часот.

Инфо деновите во главниот град ќе се одржат во општините Карпош во 10:00 часот и Аеродром во 14:00 часот на ден 17 јануари.

Во Битола караванот ќе пристигне на 23 јануари во 11 часот, во Градско на 24 јануари во 11 часот, додека во Кочани на 28 јануари во 11:00 часот. Инфо деновите за Мерка 3 ќе завршат во Богданци на 29 јануари во 11:часот.

На инфо деновите ќе биде претставена Мерка 3 од ИПАРД програмата 2014-2020, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.

Корисници на мерката можат да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра) и задруги кои што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житарици, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица кои што произведуваат  енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа www.ipardpa.gov.mk, ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија ги промени правилата за дозволеното количество арсен во храната

Редакција

Воспоставена структура за преговори со ЕУ, Ковачевски очекува да завршат до 2030 година

Редакција

Еврокомесарот за проширување Вархеји: Се надевам на одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до јули

Редакција