еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на депозитите и кај фирмите и кај домаќинствата

Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1 отсто, додека кредитите за девет отсто.

Раст е забележан и кај депозитите и кај кредитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

Во текот на март на месечна основа кај депозтите има раст од 0,4 отсто во услови на раст кај двата сектора со поизразен придонес на секторот домаќинства.

Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, што произлегува од зголемувањето на долгорочните денарски депозити, краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, што делумно е неутрализиран преку падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1 отсто, во најголем дел заради зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при помал, но позитивен придонес и на долгорочните депозити.

Вкупните депозити на домаќинствата, бележат месечен раст од 0,2 отсто, што се должи на зголемувањето на долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад кај депозитните пари.

Стапката на годишен раст на депозитите на домаќинствата изнесува 8,7 отсто, пред сè како резултат на порастот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен придонес и на долгорочните депозити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на кредитите во март

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“: Природниот гас за април достапен по цена пониска за 13%

Редакција

ТАВ Македонија: Сезонските летови се враќаат на Охридскиот аеродром

Редакција

Нови правила за работа на компаниите кои даваат поштенски услуги

Редакција