еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на економијата од 3,5 проценти годинава предвидува Народна банка

Раст на економија од 3,5 проценти годинава, предвидува Народна банка во најновите макроекономски проекции. За следната година е предвиден раст од 3,8 проценти а за 2021 година 4 проценти. Врз растот на економијата најголемо влијание ќе имаат поволниот домашен амбиент, извозот, зголемување на инвестициите и личната потрошувачка.

„Во однос на изворите на растот, позитивен импулс се очекува од домашната побарувачка, при натамошен раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, а позитивен придонес се очекува и од понатамошното зголемување на активноста во извозниот сектор“, изјави гувернерката на Народна банка, Анета Ангеловска Бежоска.

Народна банка направи и надолна ревизија на инфлацијата која ќе изнесува 1,5 проценти наспроти два проценти предвидени во октомвриската анализа.

Во однос на надворешното опкружување односно економијата на ЕУ каде што државата најмногу извезува, преокциите се дека таа оваа година ќе забавува, но без изгледи за рецесија. Забавувањето на германската економија во првиот квартал од годината не влијае позначително врз извозот, бидејќи тој останува на 16 проценти како и лани истиот период.

Позитивно врз македонската економија би влијаеле НАТО и ЕУ интеграциите но тие ефекти не се вградени во проекциите.

За јавниот долг на државата кој изнесува 46 проценти, гувернерката Ангеловска Бежоска рече дека не е аларментен и добро е државата да се држи во сигурна зона. Според нејзе важно е постепена фискална консолидација која е предвидена со Фискалната стратегија на Министерство за финанасии.

„Во јавниот долг се вклучени големите инфраструктурни проекти кои на долг рок ќе донесат предности. Нивото на капитал е мал и потребно е вложување во капитални проекти“, додаде Ангеловска Бежоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија склучи договор со Д-р Пановски вреден 8,3 милиони евра

Редакција

Забрзано растат нефункционалните потрошувачки и станбени кредити на граѓаните

Редакција

Кои се новите директори на јавни институции и членови на управни одбори кои ги именуваше Владата

Редакција