еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на кредитирањето, забавен раст кај станбените, пад кај автомобилските кредити

По вообичаеното намалување во јануари, вкупните кредити бележат месечен раст, што главно произлегува од зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор, соопштија денеска од Народната банка.

-По месечното намалување во јануари, вкупните кредити во февруари се зголемени за 0,6 отсто, што главно произлегува од зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор со учество во вкупниот кредитен раст од 77,2 отсто. Споредено на годишно ниво, растот на кредитите од 8,2 отсто се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“ и на корпоративниот сектор, со поголем придонес на секторот „домаќинства“ со учество од 56,5 отсто.

Кај вкупните кредити на домаќинствата, во февруари, е забележан раст од 0,3 отсто на месечна основа, што во целост се објаснува со зголемените кредити во денари. Гледано на годишна основа, вкупните кредити на домаќинствата остварија раст од 9,6 отсто. Годишниот раст во најголем дел се должи на денарските кредити со учество од 70,7 отсто.

Во февруари, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒потрошувачките кредити, месечната стапка на раст изнесува 1,0 отсто, а на годишна основа оваа категорија бележи раст од 11 отсто.

Забавен раст е забележан кај станбените кредити со остварена месечна и годишна стапка на раст од 0,3 отсто, односно 13,6 отсто, додека кај автомобилските кредити е евидентирана надолна месечна и годишна промена од 0,9 отсто и 1,1 отсто, соодветно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Раст на депозитите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Стопанска банка Скопје распродава запленети згради, куќи, деловен простор, машини…

Редакција

Со чартер-лет на „ТУИ“ во Охрид пристигна првата група туристи од Холандија

Редакција

Во пресрет на Велигден: Италијанците купуваат македонско јагнешко по багателни цени

Редакција