еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на кредитите во март

Податоците на Народната банка покажуваат дека кредитите на корпоративниот сектор, во март 2019 година, забележаа зголемување на месечна основа од еден отсто. Поголемо учество кон месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во најголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Во март 2019 година, вкупните кредити на домаќинствата остварија месечно зголемување, исто така, од еден отсто. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити.

Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, овој месец, најзастапената категорија биле потрошувачките кредити, кои бележат месечен раст од 1,2 отсто и годишен раст од 10,9 отсто.

Станбените кредити исто така се зголемени за 1,2 отсто на месечна основа, додека годишната стапка на раст кај оваа компонента e непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 13,6 отсто.

По негативните стапки во претходниот месец, во март, автомобилските кредити забележале месечно и годишно зголемување од 2,3 отсто и 0,4 отсто, соодветно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на депозитите и кај фирмите и кај домаќинствата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од увозниците на јужно овошје имале шпекулативен однос кон пазарот

Редакција

Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Редакција

„Пајакот“ на „Градски паркинг Скопје“ лани му донел 11,61% повеќе приходи

Редакција