еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на станбените и потрошувачките, пад на автомобилските кредити

Во јуни, банките и штедилниците одобриле кредити на домаќинствата коишто на месечно ниво се повисоки за 1,2%, а на годишно ниво се повисоки за 9,9%, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

На месечно ниво, кредитирањето на домаќинствата во странска валута е поголемо од кредитирањето во домашна валута, додека на годишно ниво е обратно, односно придонесот на кредитирањето во денари е поголем во однос на кредитирањето во странска валута.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,5% и 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 12,0% и 12,9%, соодветно.

„Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечен пад од 1,2%, при годишен раст од 4,0%, додека кредитите одобрени на кредитни картички на месечно и на годишно ниво остварија намалување од 0,4% и 1,5%, соодветно“, информира НБ.

Негативните салда на тековните сметки забележаа месечен и годишен раст од 1,9% и 2,7%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен раст од 0,4%, при истовремен годишен пад од 8,2%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Раде Кончар – Апаратна техника“ оствари добивка од 22,4 милиони денари

Никола Осило

Претставници на УСАИД на средба во Македонската берза за придобивките од платформата „Funderbeam“

Никола Осило

Поевтин роаминг: Од 1 јули цените ќе се намалат за 30 отсто

Редакција