еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на станбените и потрошувачките, пад на автомобилските кредити

Во август, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележана нагорна месечна промена од 0,4% и 1,1% соодветно, којашто на годишно ниво изнесува 11,1% и 15,7%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечно намалување од 0,9%, при минимален годишен раст од 0,1%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно зголемување од 0,5%, во услови на годишен пад од 0,9%. Во август, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен и годишен раст од 0,5% и 3,5%, соодветно, додека кај кредитите одобрени врз други основи е евидентирано месечно и годишно намалување од 0,9% и 0,8%, соодветно“, информира НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепски Мермерен комбинат оствари добивка од 134 милиони денари за три месеци

Редакција

„Некстсенс“ го доби тендерот на „Градски паркинг-Скопје“ за одржување на системот за зонско паркирање вреден 345.000 евра

Редакција

650 илјади евра од продажба на одземен имот префрлени во државниот буџет

Редакција