еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на вкупните средства на осигурителните друштва

Вкупните средства на осигурителните друштва во првиот квартал од годината, остварија раст од 4,7%, на квартална основа и од 9,6% на годишна основа, главно заради вложувањата во должнички хартии од вредност, соопшти Народната банка.

„Покрај хартиите од вредност, кварталниот раст е резултат на техничките резерви на осигурување и останатите побарувања, додека за годишниот раст придонесоа валутите и депозитите и сопственичките хартии од вредност.

На страната на обврските, растот на квартална основа е одраз на речиси еднаквиот прираст на останатите обврски и на техничките резерви на осигурување, додека годишниот раст во најголем дел се објаснува со техничките резерви на осигурување“, соопшти НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како да проверите дали сте корисник на домашна платежна картичка?

Редакција

За 1,1 милион евра продаден блок акции од НЛБ Банка

Редакција

Макстил со умерено оптимистички очекувања за четвртиот квартал

Редакција