Министерството за здравство информира дека е разрешен ВД директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери.
“Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот“, велат од Министерството.
Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се членовите на Комисијата за заразни болести
Филипче најави смена на Зибери, директорот на ЦЈЗ, ако е правно можно уште денеска
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.