еМагазин
Image default
Македонија

Разрешениот Исени му се заблагодари на Заев за укажата доверба: Функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил

Владата на вчерашната седница донесе одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата претседател на Одборот на директори на АДСДП.

Одлуката следува откако во медиумите осамна видео на кое Исени игра оро на свадба со пиштол, кое самиот го постави на својот Фејсбук профил.

Тој тврдеше дека станува збор за гасен пиштол за кој имал дозвола.

По разрешувањето Исени на Фејсбук му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната доверба.

„Секогаш бев, сум и ќе бидам сервис на граѓаните и ќе се борам за правичност, одговорност и законитост во државата. Од низа ситуации во животот човекот учи дека функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил, тоа го носиш во себе, а тоа се основните клучни работи на една личност – одговорност, лојалност и правичност“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако играше на свадба со пиштол, Владата го разреши Џеват Исени

Фетиш или дијагноза: Што човек се радува на пукање по свадби?

Фото: Фејсбук/Исени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Можен ризик од одрон на карпа од 20 тони над браната Матка, надлежните да ја проверат состојбата, апелира Ангелов

Редакција

(Видео) Цел Дебар излезе да ја види силата на МВР

Редакција

Акција на МВР во ГТЦ: Не е утврдена кражба на струја за „копање“ криптовалути

Редакција