еМагазин
Image default
Македонија

Реакција: Институциите да и образложат на Антикорупциска како утврдиле дека нема одговорност за непотизам 

Улогата на управните и надзорни одбори во јавните и државни претпријатија, како и надзорните органи во институциите е да обезбедат нивно правилно работење. Оттука, Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) смета дека е исклучително важно овие раководни структури во МЕПСО, ЕСМ, АД Аеродроми, АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, ДУД Мирка Гинова, Централниот регистар како и Советот на јавни обвинители, детално да и образложат на Државната комисија за спречување на корупцијата како утврдиле отсуство на одговорност по покренатите случаи за непотизам.

„Низ повеќе истражувања е утврдено дека граѓаните мислат дека вработувањето во јавниот сектор е често засновано на блискост до моќни луѓе (непотизам) или партиска заслуга (клиентелизам). Во анкетно истражување спроведено во 2017 година, 75% од граѓаните сметаат дека вработувањето по партиска припадност е често а 69% дека се потребни врски. Низа на случаи на непотизам и клиентелизам објавени во медиумите, покажуваат дека перцепцијата на граѓаните не е случајна.

Оттука, раководните структури во институциите каде Антикорупциската комисија утврдува сомнеж за ваква пракса потребно е сериозно да ги испитаат таквите наводи. Градење на отпор кон корупција е важна задача и ќе обезбеди намалување на шансата за повторување на лошата пракса.

Институтот за демократија ја поздравува одлуката на Антикорупциската комисија да побара дополнително образложение за одлуките на управните и надзорните одбори на споменатите институции.

Дополнително, укажуваме дека доколку се утврди дека нивните одлуки не се засновани на сеопфатна внатрешна истрага, каде објективно отфрлиле одговорност на директорите и раководителите,обврска е на основачите на овие институции да ги повикаат на одговорност. Во таа смисла, доколку се покаже неквалитетно постапување на надзорните структури, Владата и Собранието имаат обврска да ги разрешат“, велат од ИДСЦС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со заболени со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

(Видео) Почна судењето против Латас и Лазаров, но рочиштето се одложи за 10 мај

Редакција

Пак пропусти за Мијалков, може да се спаси и од судењето за „Титаник 2„

Редакција