еМагазин
Image default
Македонија

Лекарската комора за инцидентот со лекарот: Насилството е почеста појава од што се зборува

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува последниот инцидент во Клиничка болница во Тетово во кој, денес во претпладневните часови, родител на пациент нападна и со удари во главата повреди доктор на Одделението за дерматовенерологија.

„Имајќи предвид дека ова е само последен ваков инцидент во македонското здравство, Комората ги повикува надлежните институции и одговорните лица да преземат конкретни мерки за да се спречат ваквите инциденти на физичко насилство над здравствените работници кои согласно законската регулатива на своите работни места се службени лица.

Комората има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но и во оваа прилика јасно декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал.

Дотолку повеќе што медицинарите секојдневно се борат за животот на пациентите, посебно кога станува збор за пациенти кои се во сериозна и животозагрозувачка состојба.

Комората укажува дека насилството во здравството, за жал, е многу почеста појава отколку што се зборува за неа и покрај тоа што секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот, здравствениот работник и здравствениот систем во целина“, се вели во соопштението на Лекарска комора.

Од таму апелираат секој во рамки на своите ингеренции, да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.

„Во таа нсока е и неопходноста насилството во здраството сериозно да биде сфатено од страна на управителите на сите здравствени установи, како и дека со помош на полицијата и правниот систем мора ефикасно да се справиме со сите негови облици на национално ниво.

Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Лекарот кој беше физички нападнат е во стабилна состојба, нема сериозни повреди

Двапати нападнат лекар на кожното одделение во тетовската болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за локалните избори

Редакција

Мицевски до Реџепи: „Ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада“

Редакција

Владата донесе одлука за формирање Советодавно тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во име на здружение

Редакција