еМагазин
Image default
Бизнис

Виталиа за суперанализите на АХВ: Набавените суровини се во согласност со регулативата на ЕУ

Од Виталиа со реакција на резултатите од суперанализитие на Агенцијата за храна и ветиринарство (АХВ). Ви ја пренесуваме истата.

„Европската Унија дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како Нон ГМО. Истото законодавство го има и Србија, поради што суровините кои се набавени од страна на нашата компанија се со спецификација согласно ЕУ регулативата и со потврда дека производите се произведени од генетски немодифицирана соја.

Со новиот правилник во Македонија донесен пред три години, со кој се забранува било какво присуство на генетски модифицирани организми, Македонија се одалечува од европското законодавство што може сериозно да му наштети на стопанството.

Во корист на индустријата и потрошувачите Виталиа ќе побараа хармонизација со европското законодавство, затоа  што Правилникот е неконструктивен и ваквите отстапувања само предизвикуваат паника кај јавноста“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%, велат од Агенција за супервизија на осигурување

Редакција

(Фото) На Охридскиот аеродром ТАВ ги пречека првите летови на TUI UK од Манчестер и Лондон

Редакција

„СВ-Инвест“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за помошна механизација во РЕК Битола тежок 53 милиони денари

Редакција