еМагазин
Image default
Бизнис

Ребаланс на буџетот: Капиталните инвестиции намалени за 50 милиони евра, на што се крати?

За  3,27 милијарди денари или за околу 50 милиони евра е намален изност на капиталните инвестиции со ребалансот на Буџетот усвоен на вчерашната седница на Владата.

Од претходно планираните 420 милиони евра сега капиталните инвестиции се проектирани на 370 милиони евра, информираа на прес-конференција премиерот Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Со ребалансот се намалени одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација. Тоа се воглавно проекти финансирани со кредити.

– Од капиталните инвестиции најмногу кратиме во железниците, и тоа во делот на кредитирањето, сопствените пари од Буџетот ги оставаме и износот е 1,982 милиони денари, 4,2 милиони евра кај водоснабдителните системи  од кредитот од ЕИБ, 583 милиони денари од парите за Коридор 10,  потоа од ставката на рурален развој, се кратат 130 милиони денари за хидросистемот Злетовица, 100 милиони денари од ТИРЗ, каде има заштеда, наведе Заев.

Кратење има и кај Министерството за образование и наука во износ од 157 милиони денари кај Универзитетот Мајка Тереза, каде се оставени 60 милиони денари за тоа што може да се реализира до крај на годината, како и 136 милиони денари за доизградбата на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, откако банкротираше Бетон Штип и беше поништен тендерот.

Премиерот информираше дека се намалуваат и 114 милиони денари за основно училиште што било ставено во програмата, но тендерот не успеал и ќе биде повторен. На сметка на тоа пари се одвојуваат за изградба на училиште за 1.000 ученици.

Нема да се реализираат и 46 милиони денари со проекти во средното образование, а има кратење и на реализацијата на планираните пари за болниците во Кичево и Штип…

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе трае три години: Субвенционираното покачување на плати ќе важи за сите вработени

Проектирани 1,9 милијарди евра за „ГАМА“, решението до крајот на годината

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аргир: Станбените кредити продолжија со супер динамика, кога ќе се земе предвид дека работиме во невидена криза

Редакција

Од понеделник на полноќ ќе гледаме само МРТВ: Македонија влегува во медумски мрак

Редакција

Маркетот на Лидл во Кавадарци ќе почне да се гради најдоцна до април

Редакција