еМагазин
Image default
Бизнис

Ребаланс: Расте бројот на пензионери, се шири црната дупка во ПИОМ

Со ребалансот на буџетот за 2018 година Владата планира алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб,

Во август 2018 година во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување евидентирани се 313.566 пензионери, што претставува зголемување од 2,1% во однос на истиот период минатата година.

На месечно ниво, бројот на корисници на пензија е повизок за 863 лица. Од вкупниот број пензионери, 64,2% се корисници на старосна пензија, 24,3% се корисници на семејна пензија и 11,5% се корисници на инвалидска пензија.

Просечната пензија во август 2018 година изнесува 14.121 денар и е за 2,3% повисока во однос на истиот месец минатата година. Соодносот на просечната пензија со просечната исплатена плата во јули 2018 година (последни расположливи податоци) изнесува 58,7%.

Просечната старосна пензија во август изнесува 15.414 денари, просечната инвалидска пензија изнесува 12.801 денар, а просечната семејна пензија 11.331 денар.

За исплата на пензиите во август 2018 година се потрошени 4.338.490.000 денари, што претставува 52,1% од вкупните социјални трансфери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стефан Станкоски избран за в.д. извршен член на Одборот на директори на Макошпед

Редакција

Огромен интерес за работни визи во Германија, ќе има само за 4.750 граѓани

Редакција

Распродажба во УЈП: По багателни цени се продаваат комбиња, земјоделско земјиште, пасишта, тв предаватели…

Редакција