еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Редари и маски во маркетите до крајот на 2020 година

Во Службен весник излезе Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба со која меѓу другото се предвидува заштитните мерки за корона вирусот во трговските објекти да траат 200 дена по завршувањето на вонредната сотојба или до крајот на годинава.

Спотред регулативата, трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.

Трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот. Вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат за времетраење на работното време.

Трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.

Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро и мали трговци и од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за средни и големи трговци, ќе се изрече за прекршок на трговецот ако постапува спротивно на одредбите од член 2 на оваа уредба со законска сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе жени, 12 со претходни заболувања, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Во Скопје, Тетово, Прилеп, Велес и Куманово најмногу активни случаи на заразени со корона вирусот

Новите 12 случаи сo корона вирусот во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенија, Чешка и Австрија од Скопје дадоа силна подршка за старт на преговорите со Македонија

Редакција

Како да најдете работа во Србија и Албанија, почна да функционира мерката “слободен пристап до пазарот на трудот“

Редакција

(Видео) Д-р Жан Митрев: Нашата Клиника една од ретките без заразен персонал од корона вирусот, почнуваме со редовна работа

Редакција