еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Референдумот ги „живна“ старите волци: Црвенковски и Георгиевски напомош на Заев

Македонија е пред историски искушенија со оглед на тоа што македонските граѓани на 30 септември треба да одлучат дали името на земјата ќе се преименува во Република Северна Македонија.

Важноста на овој момент ги врати во јавноста и подзаборавените лица на поранешните премиери и лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, кои деновиве дадоа отворена поддршка на референдумот односно повикаа да се гласа „За“ прифаќање на договорот со Грција и зачленување на земјава во ЕУ и НАТО.

Многу е интересно што Црвенковски во своето обраќање до јавноста јасно укажа дека договорот не е најдобар и дека ќе предизвика негативни последици, но и дека моментот е таков што за Македонија нема подобро решение. Уште поинтересно е што тој нагласи дека незадоволството кон работата на политичарите се искажува на избори, а на на референдум со што на некој начин и ја навести судбината на Владата на Заев без оглед на исходот на референдумот.

„Доблесно“ од Црвенковски е што призна дека во овие 27 години политичарите и воопшто одговорните лица покажале дека немаат сопствен капацитет за квалитетни реформи во општеството без сериозен притисок и мониторинг од надвор и дека а тоа чувствува голема лична одговорност.

Од друга страна, некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски стави потпис на писменото обраќање на оснивачите на партијата во кое се вели дека аманетот е исполнет и дека се горди што се избориле да ни бидат понудени и европска и евроатлантска интеграција како на кредибилен партнер и сојузник.

Во писмото се нагласува дека претстојниот референдум, кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, го сметаат за директно и природно продолжение на првиот референдум од 8 септември 1991 година, кога се изјаснивме за независна држава и дека со тоа се довршува конечното меѓународно етаблирање на нашата татковина, Република Македонија.

Фото: Принтскрин од Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Црните листи“ на САД и Обединетото Кралство влегуваат во македонското законодавство

Редакција

Поради зголемен обем на работа: УЈП вработува 25 лица, плата до 37.755 денари

Редакција

Ако Реџепи шири омраза јавно, Бог знае што прави зад камери

Редакција