еМагазин
Image default
Македонија

Регистриран прв случај со коронавирусот во Берово

Во Берово е регистриран првиот случај со Ковид-19, информираше денеска градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека надлежните служби ги преземаат сите мерки, со цел да не се дозволи натамошно ширење на вирусот во градот.

-Како општина, спроведовме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучитална важност, е улогата на секој од нас.

Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата и Светската здравствена организација (СЗО). Посебно, да ја почитуваме мерката, со која се забранува собирање во групи, во паркови и на други јавни места.

Воедно сакам да упатам апел, до сите граѓани, да не се крева паника и притоа ги повикувам на смирено и разумно однесување, истакна Пекевски.

Посебен апел упати до сите малопродажни објекти, маркети и сите компании, кои вршат дејност, да посветат големо внимание кон придржувањето до пропишаните мерки на заштита.

-Со тоа не само што ќе се заштитат вработените, туку и самите клиенти, а со тоа и самите ние. Берово и неговите граѓани, во огромен процент се придржуваа на мерките и затоа бевме една од општините во кои досега не беше регистриран вирусот.

Верувам дека со доследна почит на сите мерки, ова ќе остане изолиран случај и ќе останеме без други заболени, додаде Пекевски.

Од општините во крајниот Исток единствено Македонска Каменица е општина каде досега нема регистриран случај со Ковид-19.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од коронавирусот почина пациент од Велес на 58 годишна возраст

Раст: 36 нови случаи на заболени со коронавирусот, најмногу во Тетово

Убава вест: Излекувани уште 13 пациенти од коронавирусот, вкупно 1.112

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните над 40 години кои се пријавиле за вакцина до 30 април, термините ќе ги добијат најдоцна во следните три дена

Редакција

Бугарија ги презеде сите неопходни активности за да се истражи страшната сообраќајна несреќа, вели бугарскиот премиер Јанев

Редакција

Нови рочишта за „Таргет – Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција