еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 33 заразени со коронавирусот, раст на бројот во однос на изминатите денови

Министерство за здравство информира дека денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид 19 и вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1.572 лица.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а нови случаи се регистрирани во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес- 9, Битола- 2, Крива Паланка-1.

Во моментов бројот на активни случаи во Македонија изнесува 404.

Последната дистрибуција по градови е следна Скопје – 526, Куманово – 404, Дебар – 51, Штип-35, Тетово – 95, Струга – 67, Велес – 95, Битола –22, Охрид –15, Кавадарци – 5 , Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 6, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2, Кратово-1.

“Направените тестови се преку: Институтот за јавно здравје –218, Ветеринарен факултет -17, Авицена –13, Биотек -22, Филип Втори (Жан Митрев) –19, Систина со PCR метода  -23 и МАНУ -20.

Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако му се влошила состојбата, 70-годишен велешанец починал од коронавирусот на пат кон Скопје

Убава вест: Оздравени 22 пациенти заболени од коронавирусот, вкупната бројка е 1.079

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега вакцинирани 2.860 здравствени работници

Редакција

Обвинителството отфрли кривична пријава за злоупотреба на службена положба против десет судии

Редакција

Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска

Редакција