еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Регулаторите ќе бараат да не се издава одобрение за градење на зграда без приклучок за парно

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе инсистира со новиот закон за градба, што се подготвува при издавање одобрение за градба инвеститорите да се обврзат дека зградата што ја градат ќе ја приклучат на организиран систем на топлинска енергија таму каде што има таков систем.

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, тоа е во насока на оптимизирање на потрошувачката на струја, но и од аспект на загадувањето затоа што топланите во Скопје користат природен гас и од нив има најмало загадување.

„Како РКЕ при носењето на новиот закон за градба ќе инсистираме при издавање одобрение за градење точно да биде наведен и начинот на греење што ќе биде во самиот објект за да немаме случаи со згради што се наоѓаат покрај топланите во Скопје да не се приклучуваат на топлинска енергија, затоа што наводно ќе се грееле на струја.

Тоа е апсолутно нелогично решение и како РКЕ со нашите надлежности ќе се спротивставивиме на тоа имајќи во предвид дека овој тип на издавање одобрение за градба е веќе дефиниран во земјите на Европската унија“, изјави Бислимовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Не може, дополни Бислимовски, секој да си прави како што сака кога постои организиран начин на затоплување.

„Ние не сме богата земја енергетски па да правиме и да се изживуваме во системот. Тоа е тоа што имаме и апсолутно максимално треба да ги искористиме капацитетите што ги поседуваме. Ние сме увозно зависна земја, увезуваме 100 проценти природен гас, и нафта увезуваме, а и 30 проценти електрична енергија секоја година. Значи, треба да разбереме дека треба да се однесуваме одговорно кон трошењето на кој било тип енергија“, нагласи Бислимовски.

Тој информираше дека изминатиот период има зголемен број нови згради што се приклучуваат на системот на топлинска енергија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје не доби лиценца, БЕГ ќе не грее и оваа сезона

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.174 случаи на Ковид-19 од 4.598 тестирања

Редакција

Се јави сопственикот на „Нефа мебел“: Сите ќе ги добијат парите, се извинуваме за стресот

Редакција

(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот

Редакција