еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа

Шеснаесет термоелектраните од Западен Балкан емитуваат повеќе загадување на сулфур диоксид отколку 250-те термоелектрани во Европската унија, стои  во извештајот насловен „Хронично загадување со јаглен – акција ЕУ на Западен Балкан за унапредување на здравјето и економијата ширум Европа” објавен денеска изработен од повеќе меѓународни невладини организации од областа на заштитата на животната средина и климатските промени.

Термоелектраните на јаглен во Западен Балкан се стари, неефикасни и функционирааат под стандардите за заштита на животната средина и се закана по јавното здравје и економијата за цела Европа, а луѓето од ЕУ го понесуваат најголемиот дел од последиците по здравјето и трошоците.

Врз основа на методологијата на Светската здравствена организација и Европската комисија, Извештајот за хроничното загадување со јаглен покажува дека секоја година термоелектраните на јаглен од Западниот Балкан се одговорниза за 3.900 случаи на смрт на предвремено родени деца, 8.500 случаи на бронхитис кај децата и други хронични заболувања.

Здравствените проблеми што се предизвикани од овие централи придонесуваат за губење на продуктивноста и здравствените трошоци достигнуваат до 11,535 милиони евра.

Во извештајот се наведува дека од листата од 10 електрани на јаглен што најмногу го загадуваат воздухот во Западниот Балкан, Костолац во Србија и Угљевиќ во БиХ се одговорни за половина од загадувањето со сулфур диоксид во регионот и за 25 отсто од вкупното загадување со сулфур диоксид во Унијата и во регионот.

Според мерењата што се извршени во 2016, на таа листа термоцентралата РЕК Битола е на осмото место по емисија на сулфур диоксид со 31,775 тони. Во однос на емисија на ПМ10 честички, Битола е на шесто место со емисија од 2,491 тон, додека прва е термоелектраната во Косово.

Земјите од Западен Балкан согласно потпишаната Спогодба со Енергетската заедница биле обврзани до 2018 година да се усогласат со законодавството на ЕУ за контролата на загадувањето, но дека со потребните чекори во голема мера доцни.

„Една од клучните причини за недостаток на напредок е одлучноста на креаторите на политиките во регионот старите производствените капацитети да се заменат со нови. Во интерес на населението во Европа и во ЕУ и на Западен Балкан е да се борат против оваа закана по јавното здравје.

Тоа значи дека креаторите на политики во ЕУ и во земјите на Западен Балкан мора да дадат приоритет на здравата енергија и амбициите во поглед на климата. Ова подразбира неизбежно и оправдано постепено намалување на користењето на јаглен“, наведуваат во Извештајот во кој меѓу другото се препорачува  да се затворат постоечките стари термоелектрани што е можно поскоро.

Во Извештајот се препорачува и дека во поглед на тоа да се добие бенефит од обновливите извори на енергија и исфрлањето на лигнитот од употреба, надлежните за донесување одлуки во Македонија треба да се фокусираат на реформите на пазарот и интегрирање во регионалниот пазар за енергија.

„Системската адекватност што е на повеќе регионално, отколку на чисто национално ниво, ги намалува трошоците за постигнување доверлив енергетски систем. Како што се зголемува големината на пазарот, квантитетот на побараните извори од друга страна пак ќе се намали, заштедувајќи време и пари за сите загрижени маси, додека опциите за балансирање на системот ќе се прошират, гарантирајќи сигурност на набавката.

Понатаму, регулаторните, административните, финансиските и политичките бариери за обновливите извори мора да бидат отстранети за да им дозволат на капиталните трошоци од ветерот и соларноста да опаднат. Сето ова треба да се постигне холистички и со звучна енергија, како и климатско планирање, се со цел да ги предвидат, но и проактивно да се справат со предизвиците“, се наведува во извештајот.

Македонија може значително да го зголеми својот удел во обновливите енергетски извори во сите сценарија до 2050, на ниво до 85 отсто во “декарбонистичкото” сценарио.

Истовремено, уделот на фосилните горива се очекува дека ќе падне на нулата до 2050 година, се наведува во Извештајот.

Хидроенергетиката се јавува како доминантна технологија на обновливите извори (Renewable energy sources technology), достигнувајќи 40-50 отсто од тоталната генеративност до 2050.

Како резултат на тоа,енергетската ефикасност и мерки за управување со побарувачката страна (иницијативи и технологии што ги охрабруваат потрошувачите за да се оптимизира нивната употреба на енергија) се од големо значење, откако развивањето на хидроенергетиката секогаш предизвикува голема грижа за заштитата на природата и биодиверзитетот.

Понатаму, климатските промени можат да влијаат на водните ресурси на Македонија, и стапување во сила на нови стриктни правила поставени од страна на Директивата за природата и живеалишта и Директивата за рамка за водите. Како што е и во БиХ, но и во секоја земја од Западниот Балкан, секое донесување на одлука за нови хидроенергетски централи треба да биде предмет на внимателен, транспарентен и партиципативен процес.

МИА/Фото: ТВ Тера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината, кога ќе се анализира почвата не се знае

Редакција

„Пустинската олуја“ ги крена параметрите на загаден воздух во Скопје до плафон

Редакција

Влада: Постапката за избор на директор на НП „Галичица“ е целосно запазена

Редакција