еМагазин
Image default
Македонија

Река со протестна нота поради вклучувањето на Имер Селмани во кампањата на Пендаровски

Кандидатот на Беса и Алијансата за Албанците за претстојните претседателски избори, Блерим Река упати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Северна Македонија поради вклучувањето на почесниот конзул на Албанија, со седиште во Битола, Имер Селмани во кампањата на кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

-На конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски, Имер Селмани со неговиот централен говор ја презентираше и ја поддржа кандидатурата, со што се определи политички, а во меѓувреме врши конзуларни функции. Политичката злоупотреба на позицијата почесен конзул на Република Албанија, поради лични интереси, не е чест за Република Албанија, ниту за Република Северна Македонија, а исто така не е чест ниту за граѓаните на оваа земја, оценува изборниот штаб на Река.

Река во врска со ова ќе побара средба со албанскиот амбасадор Фатос Река, додека од Министерството за надворешни работи на Република Албанија ќе побара разрешување на Имер Селмани од позицијата почесен конзул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва прво ТВ соочување на Силјановска, Река и Пендаровски на Телма

Почна кампањата: Пендаровски, Силјановска и Река под лупа

Фото: Фејсбук/Река

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На затворениците од Идризово им фалеле уште 32 метри за да избегаат, не се знае каде ја фрлале земјата од тунелот кој го ископале

Редакција

Владата предложи Пендаровски да ја активира Армијата во справување со кризната состојба во дебарско

Редакција

Кривична пријава за поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески

Редакција