еМагазин
Image default
Македонија

Рекорден број поплаки за детските права, најмногу во образованието

Годинава се уште не е завршена, а веќе имаме примено рекорден број на поплаки за детските права за разлика од другите години во кои сме имале помалку, од 150 до 160. Во оваа година досега имаме над 200, а најголемиот дел од поплаките се во сферата на образованието.

Ова денеска го истакна народниот правобранител Иџет Мемети, одговарајќи на новинарско прашање по повод Светскиот ден на правата на децата.

Тој додаде дека поплаки има и во сферата на здравството, во семејните односи, видувањата на родителите, како и за врсничкото насилство во училиштата. Оваа година имало доста поплаки во однос на тоа дека децата не можат да го остваруваат нивното загарантирано право на образование поради тоа што не се вакцинирани.

„Спроведовме, односно ги анализиравме сите состојби, имајќи ги предвид и Уставот и одлуката на Уставниот суд и дојдовме до заклучок како институција дека не смее да се занемари правото на образование кое е исто така фундаментално.

Затоа, подготвивме посебна информација која ја упативме до Владата и побаравме од нив сите овие деца што останаа надвор од градинките и од училиштата, да се формира мултидисциплинарен тим и поединечно, случај по случај, да се проверуваат сите деца. Само на таков начин ние ќе покажеме дека имаме волја, водиме реална грижа и за правото за добро здравје и за здравјето на луѓето, но и за фундаменталното право за образование“, посочи Мемети.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Негативни сите 127 тестови за корона вирусот во скопските градинки и гереонтолошки установи

Редакција

Регистрирани 468 нови случаи на Ковид-19 од 4.295 тестирања

Редакција

Димитров: И се извинувам на ќерка ми за грозните пораки и јавното изложување, само затоа што е способна

Редакција