еМагазин
Image default
Македонија

Рекордни 20 новозаболени од коронавирусот во Тиквешко

Рекордни 20 новозаболени Ковид случаи се потврдени во Тиквешко во последните 24 часа.

Како што информира за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, од потврдени се 15 нови случаи во Кавадарци, три во Неготино и два во Демир Капија, на возраст од три до 72 години, од двата пола.

-Сите се со симптоми, двајца на возраст од 63 и 47 години се хоспитализирани во болница. Петмина претходно имале контакт со заболено лице, другите не знаат каде се заразиле, рече докторот, според кој, заболена е и една медицинска сестра.

Меѓу новозаболените има и едно тригодишно дете од градинка, па затоа во изолација се воспитувачка, негувателка и 13 дечиња од неговата група. Денеска ќе се дезинфицираат просториите во градинката.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рајчев: Наводите на Марјан Стаменковски се невистини, ќе поднесам тужба за клевета

Редакција

Мицковски за францускиот предлог: Или ќе се „бугаризираме“, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ

Редакција

233 лица од 1.382 починати од Ковид-19 биле вакцинирани

Редакција