еМагазин
Image default
Македонија

Ректорот Никола Јанкуловски со неверување реагира на наодите на Анрикорупциската комисија

Официјалното соопштение на Државната комисија за спречување на корупцијата изнесено на прес конференцијата одржана на 12. 8. 2019 година во врска со моето вршење на должноста, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го примив со неверување, пишува Никола Јанкуловски во својата реакција на вчерашните наоди на антикорупционерите.

„Сè до финалната правна разрешница на неиздржаната инсинуација со која се прави обид да се наруши мојата чест и авторитет како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и редовен професор на Медицинскиот факултет во областа на дигестивната хирургија, дозволете ми повторно да го изразам моето неверување и да поставам отворено прашање согласно кој член од кој пропис (Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси) и бројните законски и подзаконски акти кои ја регулираат работата и дејноста на УКИМ, ДКСК ја детектирала корупцијата, согласно кој член од кои прописи го утврдила судирот на интереси, или согласно кој член од кој пропис земањето плата и функционален додаток на плата кој не е плата преставува корупција или судир на интереси?“, прашува Јанкуловски.

Тој вели дека ректорот за да може да биде ректор најпрвин треба да биде професор.

„За да биде професор на Медицинскиот факултет треба да има двоен работен однос на соодветната клиника и на Медицинскиот факултет. Ова е регулирано со Законот за здравствената заштита, Законот за високото образование, Анексот на Колективниот договор (Службен весник на Република Mакедонија бр. 33/2011), Спогодба помеѓу Медицинскиот факултет и Клиниката за дигестивна хирургија  од 21.4.2009 година, и Договорот со Сенатот на УКИМ од 2016 година. Сите професори по клиничките предмети на Медицинскиот факултет имаат двоен работен однос.

Професорите на клиничките предмети согласно наведените прописи земаат една плата од два работодавци, од Медицинскиот факултет и од соодветната клиника. Тоа што ректорот го прима од Ректоратот е само функционален додаток на плата додека ја врши функцијата ректор. Тоа не е плата. Вака било и за сите претходни ректори.

На ниеден ректор до сега не му мирувал работниот однос како што бара ДКСК, бидејќи ректорот е раководна, а не избрана и именувана функција како државните функции. Сите ректори на јавните универзитети од Министерството за образование и наука добиваат буџетски средства како додаток (не плата) за вршење на ректорската функција.И деканите земаат функционален додаток додека ја вршат функцијата декан“вели Јанкуловски.

Тој додава дека ректорот не може 30% да обавува здравствена дејност како што тврди ДКСК, доколку не е вработен во здравствена установа.

„Здравствената дејност е потребна за практична едукација на студентите. Со одземањето на здравствената дејност ректорот не може да биде ниту професор. Со ова ДКСК му ја одзема професорската дејност на ректорот што е во директна спротивност со Законот за здравствената заштита, Законот за високото образование и горенаведените подзаконски акти. Досега немало случај на ниеден универзитет ректорот истовремено да не е професор.

Неосновани и против уставни и против законски се и обвинувањата за непостоење на правилник кој “требало” да го донесе директорот на Клиниката за дигестивна хирургија кога постои Колективен договор за здравствената дејност врз основа на кој, по коефициенти, се врши исплатата на плати во здравствената дејност“, вели Јанкуловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупционерите бараат одговорност од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски бидејќи со години си земал две плати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева на судењето за „Рекет“: Да знаете што се знам од 660-те илјади фајлови, сигурно не би била тука

Редакција

Ќе има ли смени на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на Централниот комитет

Редакција

Потпишан Протоколот за приемот на Македонија во НАТО

Редакција