еМагазин
Image default
Техно

RelaxifyApp прва интерактивна апликација за подобрување на менталното здравје

Relaxify Ltd. е компанијата која стои зад апликацијата за ментално здравје, со научна основа, RelaxifyApp, информираат од таму.

„Компанија создадена со помош на македонскиот и бугарскиот иновативен капацитет со гордост ја објави својата прва надворешна инвестиција од 100 илјади евра од 4 инвеститори: Innovation Capital, Vitosha Venture Partners, Novator и ABS Ventures B.V.“, информираат од таму.

Оваа инвестиција ќе биде искористена за зголемување на својот удел на пазарот и достигнување нова база на корисници со својата единствена и уникатна понуда RelaxifyApp.

“Ова е возбудливо време за RelaxifyApp – напорно работевме за да се осигураме дека нашиот производ постојано се развива и дека се движиме напред кон нашата првично замислена идеја“, вели Александар Станков, извршен директор и ко-основач во Relaxify.

„Оваа инвестиција исто така ќе ни овозможи да стекнеме нови корисници, да достигнеме нови пазари и да го зголемиме ангажманот на корисниците на апликацијата“, вели тој.

Томе Нединковски, шеф на одделот за  психологија и ко-основач во Relaxify, додаде: “Растеме. Создавањето одличен производ е само првиот чекор. Нашиот долгорочен план е да изградиме одржлива заедница на ангажирани корисници кај кои ќе гледаме подобрување во менталното здравје благодарение на нашиот производ. Возбудени сме за она што допрва доаѓа“.

Јавор Гочев, сениор менаџер за инвестиции, Innovation Capital вели: „Горди сме што рано се вклучивме и сме дел од идниот успех на Relaxify. Како инвеститор, сакате да поддржувате силни тимови; ние силно веруваме дека дека Relaxify ќе ја подобри добросостојбата на луѓето ширум светот и ќе биде успешна во својот потфат токму поради својот тим“.

“Уште од првиот состанок бевме импресионирани од основачкиот тим на компанијата, нивните комплементарни сетови на вештини и нивната способност за извршување. Тие го решаваат големото и растечко прашање на менталното здравје во денешното општество преку гејмифицирање на научно поддржани рамки. Среќни сме што ги поддржуваме на ова патување и едвај чекаме да видиме каде ќе не однесе“, вели Камен Банковски од Vitosha Venture Partners.

За RelaxifyApp

RelaxifyApp е сеопфатна научно базирана апликација креирана од психолози со цел да ја подобри вашата когнитивна, физичка, социјална и емоционална благосостојба.

„Опуштете се со применетите гејмифицирани технологии за ментално здравје за да ги инспирирате и поттикнете промените во овие области и да го подобрите вашиот севкупен квалитет на живот.

Дозволете нашите вежби да ви помогнат да постигнете состојба на намален стрес и анксиозност како би превенирале целосна исцрпеност на организмот“, велат од компанијата.

Повеќе инфо на relaxifyapp.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Huawei се искачи на второ место во производство и пазарен удел на паметни телефони во светот

Редакција

Регионално истражување: Речиси половина од потрошувачите во Македонија го сметаат биометриското плаќање за побрзо и поедноставно отколку користење на лозинка

Редакција

Како да ги плаќате сметките за услугите на А1 Македонија

Редакција