еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ременски не чувствува вина за „Рекет“

Пратеничката Фросина Ременски откако даде исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за случајот „Рекет“ во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар. Се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, вели, таа е невина.

-Сакам да направам разграничување помеѓу случајот „Рекет“ воден против тројцата осомничени и за случајот за кој Обвинителството највува истрага во однос на делување на Меѓународниот сојуз, рече Ременски на излегување од Судот.

Таа додаде дека се побарани мерки за неа и оти очекуваат одлука.

Во врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека ако некое лице биде осомничено, обвинето или слично, ќе биде времено отстрането од партијата, Ременски истакна дека ќе ја почитува секоја одлука.

„Воопшто не сум му лута на лидерот Заев“, вели таа и додава дека во погрешен контекст била пренесена неговата изјава.

Претходно, Ременски во Кривичниот суд се произнесе пред судија на претходна постапка во врска со случајот „Рекет“.

Во Судот денеска треба да се јават уште неколку лица осомничени во проширената постапка за овој случај.

Случајот „Рекет“ доби нов тек откако истрагата се прошири на уште четири лица, а синоќа на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, по приведувањето во Кривичниот суд, и беше одреден куќен притвор. Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во проширената истрага за овој случај.

Обвинителката Вилма Рускоска, која е надлежна за овој случај, синоќа изјави дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес.

Се очекува денеска да биде поднесено и обвинението за првиот дел од истрагата. Русоска, синоќа изјави дека има „битни докази“ за обвинението. Таа посочи и дека еден од осомничените побарал спогодба за првиот дел од истрагата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, се подвлекува во соопштението, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Второосомничен, за трговија со влијание, е Зоран Милески-Кичеец, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милески е во домашен притвор.

Јовановски требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.

Исказ во Обвинителството нема да дава ниту Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за МИА потврди дека таа во оваа фаза нема да дава исказ, но ќе го задржи правото во однос на предлагање сведоци и докази понатаму во постапката.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Ќе остане ли Ременски потпретседател на Собранието откако беше осомничена во „Рекет“?

Што изјави Фросина Ременски пред да биде осомничена за „Рекет“?

Заев ќе ја разреши Ременски од сите партиски функции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција

Продолжува трендот на негативен природен прираст

Редакција

Влада: Државен карантин при влез на странските дипломати и нивните семејства ако е нужно

Редакција