еМагазин
Image default
Бизнис

„Реплек“ со зголемени приходи, но и со проблеми во работењето поради корона вирусот

Во првиот квартал во 2020 година според поединечните финансиски извештаи, „Реплек“ АД Скопје бележи раст на оперативните приходи од 39% во однос на истиот период минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Консолидираните оперативни приходи се зголемени за 7% во однос на минатата година, воглавно поради зголемениот извоз, додека намалувањето на оперативните приходи на домашен пазар е поради привремениот прекин во работењето на маркетот Реплек Маркет и ресторанот “Ден и ноќ” согласно мерките за заштита од корона вирусот COVID-19 предвидени од Владата на Р.С. Македонија“, информираат ид компанијата.

Оттаму додаваат дека наплатата на побарувањата на домашен пазар и од странски партнери се одвива во рамките на очекуваното, без поголеми пролонгирања на роковите на плаќање.

„Сепак, поради настанатата ситуација во светски размери, Групацијата се соочува со проблеми при работењето, најмногу поради тоа што снабдувањето со суровини и амбалажа се одвива во отежнати вонредни услови, транспортот исто така е ограничен, како и цените на одредени категории производи бележат раст.

Менаџментот будно ја следи состојбата и презема низа чекори за обезбедување на континуитет во своето работење и засега успешно се справува со своите предизвици.

Со олабавување на мерките врзано за COVID-19 и враќање на нормалниот тек на работењето во Р.С. Македонија и во светот се очекува и стабилизирање на прометот и пораст на истиот.

Реализираниот промет на групациско ниво не се очекува да има значајни отстапувања во однос на планираниот“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од „Реплек“ за 82.000 евра

Томислав Димовски предложен за член на Надзорниот одбор на „Реплек“

Убава вест за акционерите: „Реплек“ ќе дели дивиденда од 3.751 денари по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од потрошувачите ќе добијат пониски порамнителни фактури за греење, најавија од ЕСМ

Редакција

Бројот на туристи во август зголемен за 22%

Редакција

„Тепачка“ за наплата на побарувања од стечајот во „Бетон Штип“: Парите си ги бараат 577 доверители

Редакција