еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ресен се ближи до бројката од 100 заразени со корона вирусот

Во Ресен, според последните податоци на Министерството за здравство, вчера беа регистрирани нови 5 заразени со Ковид-19.

Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 98, од кои активни се 92 случаи, а малата општина има вкупно повеќе случаи на заразени со корона вирусот од неколку поголеми градски општини.

Здравствените власти пред извесно време информираа дека лицата се заразиле на семејна прослава и дека станува збор за еден кластер, кој доби и кодно име “Куќна слава Ресен“.

Поради новонастаната ситуација во Ресен беа затворени неколку големи компании, по одлуката на тамошниот Кризен штаб вработените да не одат на работа извесно време, додека ситуацијата не се стабилизира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40-годишниот Ресенчанец кој почина од корона вирусот бил спортист

За еден месец Македонија има над 3.000 новозаразени со корона вирусот

„Другите земји се враќаат во нормала, ние немаме каде да се вратиме“: Твитер реакции за растот на случаи со корона вирусот

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот историчар Чуканов за спорот со Бугарија: „Нема шанси да бидеме браќа на сила“

Редакција

Поради корона вирусот: Пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор

Редакција

Почна уривањето на дивоградбитe во Охрид

Редакција