еМагазин
Image default
Ретро

Ретка видео-снимка од езерото Треска од 1985 година, кога беше полно живот

Ќе се врати ли езерото Треска во живот е прашање кое повторно се актуелизира откако Владата на една од последните седници ја разгледа и усвои информацијата врз основа на која донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на спортско-рекреативен центар Треска КО Глумово и КО Шишево, општина Сарај.

Имено, со оваа одлука се овозможува Општината Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско рекреативен центар во близина на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска, и кој вклучува изградба на викенд населба, хотелски комплекс и спортско рекреативен центар за развој на еко туризам, најавија од Владата.

Останува да се види дали замислениот проект ќе значи и средување на езерото Треска или само ќе го загуши овој предел кој е во предворјето на Матка.

Дотогаш, видеото подолу нека служи како потсетник колку беше некогаш полно со луѓе и живот езерото, кое важеше за едно од омилените прибежишта на скопјани за време на летните горештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата даде зелено светло: Хотелски комплекс, викенд населба и спортски центар ќе се градат кај езерото Треска

Фото/ Видео: Youtube/Skopje the capital od Macedonia/Lake side walk Treska

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Подзаборавени снимки од „Вардар филм“ за големината на 11 Октомври

Редакција

(Видео) Каков беше патот до осамостојувањето на македонската држава

Редакција

(ВИДЕО) Ретка снимка од пренесување на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија

Редакција