еМагазин
Image default
Спорт

Резултатите се менуваат, почнува 19. коло на „Баскет 3×3 бизнис“

Започна 19-тото коло на „Баскет 3×3 бизнис“ во организација на „Спортплан“. Со тоа, борбата на пријавените екипи на компаниите на кошаркарскиот терен, продолжува и оваа недела.

На врвот на табелата е кошаркарската екипа на „Атлантик група“ веќе подолго време. По нив, на второто место забрзано ги следат „SolutionAde“, кои пак со тесен резултат бегаат од екипата на „НЛБ Банка“.

Но, резултатот се менува секој ден со оглед на тоа што натпреварите се играат од понеделник до четврток. Од вкупно 19 екипи, нивните имиња на вкупната табела со резултати се менува со секој одигран кошаркарски натпревар.

Пријавените екипи во овој спортски настан од ден во ден се сѐ подобри и подобри. Нивното задоволство расте, заедно со дружбата, но и со грижата за здравјето.

Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што се игра „Бизнис 3×3 Баскет“,  нуди одлични услови за спортски настан од ваков тип со перфектно осветлување, топла сала и топла вода во секое време.

Пријавувањето трае и за останатите компании коишто ќе сакаат да пријават своја екипа во возбудливата „Бизнис 3×3 Баскет“ забава. Пријавувањето на нови екипи за учество во новата сезона на веб страницата на Спортплан на следниот линк sportplan.mk/prijavi-se.

За сите вклучени ова е одлична можност во студените месеци да играат во сигурна и топла средина во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Повеќе информации за „Спортплан“ и „Бизнис 3×3 Баскет“ може да се најдат на: biznisbasket.mk и facebook.com/sportplan.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија денеска против Португалија игра за пласман на Светското првенство во фудбал

Редакција

Македонија го победи Гибралтар во вториот меч во Лигата на нации

Редакција

Македонската фудбалска репрезентација изгуби од Украина

Редакција