еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?

Што ќе се случува со работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и кој ќе го води, се едни од клучните прашања по приведувањето на шефицата во заминување, Катица Јанева, која доби 30 дена притвор.

Јанева неодамна поднесе оставка, која требаше да се активира кога ќе се избере нејзин наследник, а од СЈО беше соопштено дека нејзини заменици се обвинителките Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска, која меѓу првите беше да даде исказ за случајот “Рекет“, за кој Јанева заврши во затвор.

Но, тие двете како заменици ги немаат овластувањата, кои ги има Јанева, како шеф на СЈО, па за нормално функционирање на институцијата, но и нормален тек на бројните судски процеси за предмети на СЈО, кои се во тек ќе биде потребен вршител на должност или нов шеф/шефица.

Законски нејасностии

Постојат законски нејасностии кој треба да ја наследи Јанева.

Вчера на прес-конференција јавниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, кој се повика на Законот за јавното обвинителство, изјави дека во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста (в.д.), што би значело дека Јанева би добила замена од некој од обвинителите во СЈО.

Коле Штерјев, претседателот на Советот на јавни обвинители, пак изјави дека не може да се назначи в.д. специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

„Само во еден случај советот назначува вршител на должност. Тоа е тогаш кога на еден јавен обвинител му се прекинува мандатот или е разрешен и Советот назначува вршител на должност од редовите на тоа обвинителство.

Доколку Јанева не е разрешена и додека не и се прекине мандатот, не можеме да назначиме вршител на должност. Постапката за разрешување е предвидена со законот за СЈО, каде се вели дека доколку предлагаме ние, треба да подготвиме извештај и да го доставиме до Собрание, комисиите да го разгледаат и потоа Собранието да ни предложи ние да разрешиме„, изјави Штерјев за ТВ21.

Што вели Законот за СЈО

Во Законот за СЈО во член 18 стои дека јавниот обвинител може да се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител во разумен рок треба да достави до Парламентот извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување.

Извештајот би бил достапен на јавноста преку комисиите во Собранието, освен ако некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.

Врз основа на доставниот извештај, а на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници, Советот по предлог на Собранието го разрешува јавниот обвинител.

Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.

Според член 19 од Законот, разрешениот јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да поднесе тужба до Основниот суд Скопје 2-Скопје за разгледување на одлуката за разрешување. Со одлука на судот, јавниот обвинител може да биде вратен на работа или да добие друг вид надоместок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Со полициска придружба Катица Јанева ќе оди на погреб на мајка и во Гевгелија

Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?

„Нудам 5.000 евра на било кој од СЈО да ги поапси сите “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица ослободени во случајот „Змиско око“, кој се води 13 години, за останатите условни казни

Редакција

На концертот на Дуке Бојаџиев гореа 1.076 свеќи за спас на Охрид и крајбрежјето

Редакција

Обвинение за „Лидери“, предмет кој произлезе од разговор на Груевски и Ахмети

Редакција