еМагазин
Image default
Бизнис

РКЕ: Исклучените од системот за парно да не ги плаќаат сметките за април, ќе се сторнираат

Граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење, а добиле сметки за април да не ги плаќаат, апелираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

На прес-конференција денеска појаснија дека сметките ќе бидат сторнирани.

Исклучените од парното до крајот на мај треба да поднесат документација до БЕГ и да докажат дека живеат или ги издаваат становите за да бидат ослободени за плаќање.

Потребно е да донесат копија од лична карта, имотен лист не постар од еден месец, извод од матична книга на родени на лицето што живее во станот или договор за издршка доколку во него живеат родителите, како и сметки за платена струја од последните шест месеци. Доколку станот е издаден под кирија, покрај овие документи треба да достави и договор за закуп.

Во случаи кога БЕГ ги одбива барањата, од Регулаторна посочуваат дека во вакви случаи граѓаните можат да поднесат претставка кај нив.

Истакнуваат дека дневно обработуваат 100-тина вакви претставки од исклучените.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исплатата на пензиите ќе почне од 27 февруари

Редакција

Алкалоид ќе дели дивиденда од 320 денари бруто за акција

Редакција

Во блок-трансакција продадени 1.000 акции од Комерцијална банка

Редакција