еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

РКЕ: Во следните две недели да не се исклучуваат потрошувачите на струја, вода и парно поради неплатени сметки

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им препорачува на компаниите вршители на енергетски дејности, како и на јавните претпријатија што се даватели на водни услуги кон граѓаните, во следните две недели да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки.

Имајќи ја во предвид одлуката на Владата за превенција од ширење на корона вирусот и пандемијата што е прогласена од Светската здравствена организација, велат од РКЕ, со оваа препорака имаме за цел да им укажеме на компаниите и јавните претпријатија чие работење е под наша надлежност да покажат хуманост и да се воздржат од активности што би влијаеле врз здравјето на човекот.

-Во оваа вонредна состојба со Ковид-19, кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација и има одлука од Владата за превенција од ширење на корона вирусот, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги чувствува, пред се, одговорност, но и обврска за заштита на потрошувачите и затоа препорачува во следните две недели компаниите вршители на енергетски дејности, како и јавните претпријатија што се даватели на водни услуги, да се воздржат од исклучување поради неплатени сметки, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Храна ќе има доволно: Корона вирусот “удри„ и на мелничко-пекарската индустрија

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

И црквата повика да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот

Поради превенција од корона вирусот: Град Скопје препорачува таксистите да ги дезинфицираат возилата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две пратенички побарале пари за кирија, другите сакаат дневници и да патуваат до Скопје

Редакција

Мерко: Mоже требаше да купам уште поубаво возило, нема да се возам во „фиќо“

Редакција

Полициски час и рестриктивни мерки и во следните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција