еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ројтерс:  Датум за преговори со Македонија, но не за Албанија

Според информациите на Ројтерс, Германија предлага одвојување на Северна Македонија и Албанија во обид да постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15-ти октомври.

-Според планот предложен неделава до министрите на 28-те земји членки кои треба да дискутираат кон средината на октомври е можен компромис помеѓу оние кои се обидуваат да ги приближат балканските земји до ЕУ и оние кои пружаат отпор како Франција, Холандија и Данска, пишува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека Германија пред неколку недели гласаше за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, но со дополнителни услови за Тирана.

Во нацрт-заклучоците на Советот на министри се предлага Северна Македонија да ги започне преговорите пред крајот на оваа година, но не и Албанија.

Драфтот вели „со оглед на постигнатиот напредок, ЕУ одлучува да започне пристапни преговори со Северна Македонија“, и додава дека првата меѓувладина конференција односно првиот состанок помеѓу земјата аспирант и ЕУ треба да се одржи до крајот на 2019-та“.

Иако начелно нацрт-заклучоците предвидувале иста реченица и за Албанија, таа е отстранета во последната верзија и не се предлага датум за првата меѓувладина конференција со Тирана, наместо тоа се набројуваат неколку претходни услови, пред сѐ во делот на судството и борбата против корупцијата.

ЕУ дипломат, меѓутоа, за Ројтерс вели дека усвојувањето на овие заклучоци ќе зависи од Франција, каде одлуката ќе ја носи лично Емануел Макрон.

Текстот нагласува дека Холандија, друга земја со големи резерви кон проширувањето, е повеќе наклонета кон Северна Македонија отколку кон Албанија.

Иако е предвидено одлуката да се донесе на 15-ти октомври во Луксембург, не е исклучено досието да се префрли на самите шефови на држави и влади каде Меркел и Макрон ќе се обидат да постигнат компромис.

Според Ројтерс, две опции се можни, едната е да се дадат дополнителни услови пред да започнат преговори, другата е да се одвојат Северна Македонија и Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција

Спасовски: Сто вработени во МВР добија откази, ќе следуваат уште

Редакција

Фон дер Лејен пристигна во Скопје, за Димитров посетата е силен сигнал за исполнување на европското верување за почеток на преговорите

Редакција