еМагазин
Image default
Македонија

Рочиштето за „Рекет“ одложено за утре поради здравствени проблеми на Боки-13

Поради лоша здравствена состојба на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, судскиот предмет „Рекет” денеска се одложи. Следното рочиште е закажано за утре.

Судијката Васка Николовска-Масевска образложувајќи ја одлуката за одложување на ова рочиште, истакна дека од КПУ Затвор Скопје, го известиле Судот дека обвинетиот Бојан Јовановски, имал здравствени проблеми и поради тоа не може да го следи денешното рочиште.

Судскиот процес за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со презентирање докази.

На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал. Станува збор за снимки на кои се прикажани Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески -Кичеец и Камчев, што беа објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, а потоа и во македонските медиуми, само што истиот настан беше прикажан од повеќе агли односно од други камери.

Беше пуштена и снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија.

Сметките, преку 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Италија.

Во доказите беа презентирани и извештаи од вештачењето од мобилните телефони на Јовановски за комуникација на Ватсап меѓу Боки и Катица Јанева на која и праќал слики од мебел и ја известил дека е стигнат.

Како докази беа презентирани и пораки од Јордан Камчев и од пратеничката Фросина Ременски, испратени до Боки 13.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник наобвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември лани, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека се размислува за амнестија, дел од обвинетите за насилството во Собрание ги повлекуваат доказите

Редакција

Вкупно 35 заболени од корона вирусот: Уште четворица нови пациенти од Скопје

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција