еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три родилки кои дале лажни податоци ставија 18 вработени од болницата во Чаир во изолација

Во болницата во Чаир, 18 вработени се во самоизолација откако три родилки на гинеколошкото одделение дале лажни податоци, а меѓу нив е и родилката која изјавила дека немала контакт со позитивен на Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека работата во оваа болница не е компромитирана, посебно работата на анестезиолозите кои се важен дел од синџирот на работа.

„Се се сведува на ист проблем, непочитување на мерките и недавање точни податоци. На тој начин го ризикувате здравјето на здравствените работници, се ставаат во изолација сега кога му се најпотребни на здравствениот систем. Здравствените работници го осудуваат тоа  и станува збор за сериозен прекршок,“ рече Филипче.

Во Чаир има најголем број на заболени од корона вирусот од скопските општини. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во оваа скопска општина има 214 активни случаи.

Во таа општина се појави и нов кластер, од свадбата која се правеше со 100 луѓе во домашни услови, 14 се позитивни на корона вирусот, а присутните на прославата не сакаат да соработуваат со епидемиолозите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свадбата во Чаир нов кластер, 14 заразени со корона вирусот: Ем не почитуваат мерки, ем не соработуваат со епидемиолози

Во болницата во Битола нема повеќе место, заболените од корона вирусот ќе се препраќаат во Охрид

Крштевка со 200 луѓе нов кластер во Охрид: Осум се позитивни, 40 се во изолација

Филипче: Има доволен број на кревети на Инфективна клиника и во ГОБ „8 Септември“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 52 пожари во последните 24 часа, четири сè уште активни

Редакција

22 починати лица од Ковид-19, 21 имале коморбидитети

Редакција

(Видео) Неверојатни сцени од Анкара: Песочна бура го проголта градот

Редакција