еМагазин
Image default
Македонија

Роднини на градоначалничката на Арачиново и се заканувале на екипата на ТВ21, ЗНМ го осуди инцидентот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува нападот врз новинарот и снимателот на ТВ21 од страна на блиски роднини на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ.

Од ЗНМ ја повикуваат градоначалничката Миликије Халими веднаш да го осуди овој напад, а истовремено бараат итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи.

– Вчера, откако екипата на ТВ21 снимила прилог во врска со поплаките на жителите на оваа општина во врска со лошата инфраструктура, роднини на градоначалничката Халими упатиле вербални закани кон телевизиската екипа дека ќе им ја искршат камерата и барале снимките да бидат избришани.

Откако новинарите одбиле да ги избришат снимките, истите биле принудени да влезат во општинската зграда на Арачиново и повторно им биле упатени исти закани. Тие и по втор пат одбиле да ги избришат снимените материјали, па инцидентот продолжил во редакцијата на ТВ21 каде истите лица му се заканиле и на главниот и одговорен уредник дека не смее да објавува ништо од снименото.

Истовремено, пристигнале и полициски службеници, по што лицата кои се заканувале ја напуштиле телевизијата, а новинарот и снимателот дале исказ во полициска станица, се вели во соопштението од ЗНМ.

Ваквото насилничко и примитивно однесување, се вели во реакцијата на ЗНМ, особено од лица блиски до политички фигури е неприфатливо и преставува напад врз слободата на информирање и претставува класично попречување во вршењето на работата на новинарите.

Од ЗНМ информираат дека инцидентот ќе биде пријавен и во Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска: Градоначалниците на Вевчани и Гази Баба доставиле изјави за интереси, но нецелосни

Редакција

Избори или промена на Уставот: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску или далеку до договор?

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Редакција