еМагазин
Image default
Uncategorized

Романскиот премиер и четворица министри парично казнети бидејќи славеле роденден без маски

Поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот романскиот премиер Лудовик Орбан и четворица министри се парично казнети, пренесоа тамошните новински агенции.

Тие морале да платат казна затоа што на роденденската забава на премиерот во неговиот кабинет не носеле заштитни маски.

Поради тоа, Орбан платил казна од 2.500 леи (околу 500 евра) бидејќи не носел заштитна маска и пушел во својот кабинет.

Казна со иста вредност треба да плати и шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску, кој исто така пушел.

Министрите за економија и за транспорт, Виргил Попеску и Лучијан Боде добиле помали парични казни само за неносење маска.

Вицепремиерот Ралука Туркан доби најмала парична казна, „само“ 1.000 леи, бидејќи на прославата имал маска, но не околу устата и носот, туку околу вратот.

МИА/Фото: Romania insider

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек се 9 вонредни инспекциски надзори за помлади пациенти кои починале од Ковид-19

Редакција

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10%

Редакција

Двајца починати и 75 нови случаи на Ковид-19

Редакција