еМагазин
Image default
Македонија

Рудар во „Тораница“ настрадал од одрон на камења

Одрон на камења во ископаната јама на рудникот се случила синоќа каде почина рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко.

– На ден 23.08.2018 во доцните вечерни часови, се случи природна катастрофа – одрон на камења во ископната јама на рудник „Тораница“ – Крива Паланка каде што, како резултат на овој несреќен случај, тешко беше повреден рудар во рудникот „Тораница’ – Крива Паланка кој како последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето нашиот вработен подлегна на повредите, информираат од „Минстрој“ А.Д. Софија и „Булмак 2016“ д.о.о.е.л. Пробиштип.

За случајот се известени надлежни институции и органи,  кои се на лице место на несреќниот настан.

Од компанијата изразуваат сочувство и жалење до семејството на рударот и најавуваат дека во знак на солидарност одлучиле планираното одбележување на Денот на Рударите – 28. Август, да биде откажано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, а вкупно се лекуваат 469 лица

Редакција

Александар Бајдевски останува заменик министер за информатичко општество и администрација

Редакција

Џафери треба да одмара, Мисовски ќе ја предводи делегацијата на Мечкин камен

Редакција