еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Рудникот САСА ги зголеми платите и надоместоците за работна успешност на вработените

Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени за пет проценти. Ваквата одлука почнува да се применува од почетокот на оваа година, односно со исплатата на јануарската плата, информираат од компанијата.

“Дополнително, менаџментот на САСА одлучи да го зголеми и надоместокот за работна успешност што им се исплаќа на вработените при исполнување на одредени цели. При тоа најголемо зголемување на овие надоместоци добија рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами“, велат од компанијата.

Ова е трета година по ред како САСА врши зголемување на месечните примања на своите вработени, во согласност со ветувањето на раководството на компанијата дадено во март 2018. Со најново зголемување, месечните примања на вработените во Рудник САСА ќе бидат над 40% повисоки од износот на просечната нето плата во земјата.

„Менаџерскиот тим на САСА, поддржан од неговите сопственици – компанијата Централ Азија Металс, е посветен да обезбеди вработените да бидат фер третирани и соодветно наградени за нивните напори. Паралелно со процесот на зголемување на платите и надоместоците за работна успешност, продолжуваме да инвестираме и во останатите значајни сегменти, како што се: заштитата на животната средина, безбедноста и здравјето и современата опрема и технологија.

Со ваквите вложувања ние се трудиме да ја унапредиме благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени, да ги мотивираме дополнително и да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во нашето работење, со што создаваме услови за натамошен одржлив развој на рудникот САСА“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каква зимска спортско-рекреативна понуда нуди СЦ „Борис Трајковски“

Редакција

Инстант лозот„УРБАН СТИЛ“ на Државна лотарија израдува тројца нови добитнициод од Штип, Битола и Скопје

Редакција

Професор од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика во време на изолација поради коронавирусот

Редакција