еМагазин
Image default
Македонија

„Ругање со Христос„ на Јани Бојаџи ќе се прикажува само во Штип, другите државни центри за култура немале термин

Сценаристот и режисер Јани Бојаџи, по синоќешната македонска премиера на неговиот дебитантски филм „Ругање со Христос“ на отворањето на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, ја повика Владата да го остави филмот да заработува и да се прикажува низ Македонија.

Бојаџи, на денешната прес-конференција во МКЦ, рече дека вчерашниот настан за него била совршената можност за тој и филмот да се разделат и филмот да си тргне по неговиот, а тој по својот пат.

– Веќе јас не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа и да се сретнеме сите некаде пак. Важно беше да се случи таа премиера за да се отвори таа порта и паднат сите маски. Тука јас завршуваме, еве го филмот. Ако отвора општествени дискусии, мене ќе ми биде драго да се разговара, рече Бојаџи.

Крајната идеја на филмот, продолжи тој, е да се гледа во кино, но дека само Штип прифатил во понеделник да се направи премиера.

– Сите други центри за култура во Македонија кои поседуваат технички можности прво прифатија, а потоа одбија да го прикажуваат со образоложение дека немаат ниту еден единствен слободен термин до крајот на годината и да им се јавам после Божик следната година, рече Бојаџи.

Нагласи дека филмот е финансиран од државата и центрите за култура се на државата, односно дека директорите на кино салоните ги именува Владата, но сега тие не му дозволуваат да се прикажува и заработува.

– Филмот ќе си има фестивалски живот, но бидејќи е нискобуџетен филм со 280 илјади евра, кои се уште не се сите исплатени и имаме инспекции, а една апликација на посериозен фестивал чини 100 долари, целата моја идеја беше да дојдам до премиера, да го прикажувам и заработувам и половина од нив да потрошам на апликации, рече Бојаџи.

Филмот освои награда на фестивалот во Монтреал, каде што беше светската премиера.

МИА/Фото: Фејсбук/Бојаџи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ганка Цветанова: Апсењето на таткото на Бојаџи е типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе и цели семејства

„Интересен тајминг“ за апсење на таткото на Јани Бојаџи

(Видео) МВР со детали за апсењето на таткото на Јани Бојаџи и уште 12 лица

„Ругање со Христос“ награден на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал

Погледнете го трејлерот: За Министерството за култура филмот „Ругање со Христос“ е скандалозен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани се вкупно 647.769 граѓани: 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Режисерката Бузалковска со писмо до Заев: Дава оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството

Редакција

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ информациите за криминалот во РЕК Битола ги доби од член на највисокото раководство на СДСМ

Редакција