еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Румор ПОП-АРТ пролет/лето 2019

Која е инспирацијата за новата колекција на Румор?

-Оваа сезона SS19 главна инспирација ни беше William Klein – фотограф од втората половина на минатиот век. Неговите игри со проѕирност сѐ уште се ултра модерни и кај нас предизвикаа желба за нешто свежо, лесно и колоритно. Тоа беше старт на колекцијата која се разви заедно со нашиот соработник Uber стилистот Милена Танаскоска во досега најпрецизната, но и највозбудлива колекција според нас.

Светот на Klein убаво се стопи со нашите константни инспирации од поп-арт уметноста и сето тоа се прели во интересни принтови и комплетно ново уредување на ентериерот во бутиците на Румор. Ова беше главна нишка за изборот од брендовите што ги нудиме, но исто и за нашата IN THE HOUSE COLLECTION.

На што се базира Румор IN THE HOUSE COLLECTION?

– Оваа колекција ја градиме базирана на интереси кои доаѓаат најчето од „l’air du temps“ моменти на глобално ниво, било да се тоа од уметноста, филмот, музиката или политиката. Бидејќи живееме во еден брз секојдневен ритам, секоја сезона ни носи нови и категорично различни интереси или почетни точки.

Единствено што е константно е квалитетот на парчињата кои најчесто се од материјали со италијанско потекло и нашата желба да претставиме нешто ново, но и достапно за македонската публика која досега нѐ охрабрува, нѐ следи и поддржува. Во моментов многу нѐ прави среќни забрзаниот развој на нашата колекција за чевли.

Ни требаше малку време да најдеме соодветни партнери кои би го задоволиле нашиот стандард за квалитет, но на крај сѐ излезе како што треба. Кожата ја испорачуваме од Италија каде што е мерена и печатена по наш дизајн, па потоа изработувана во Турција која во моментов важи за еден од најдобрите производители на кожни категории во светот на високата мода. Италија или “Made in Italy” стана прескапа па дури и таму.

Каква свежина на бои и материјали се во игра оваа сезона во Румор?

 – Минт, корална и жолта на REPEAT!

Дали имате нови категории во проширување на брендот и кои се тие?

– Оваа сеозна ги вративме принтаните чорапи и почнуваме со дизајн за долна облека – RUMOR UNDER. Исто така донесовме и селекција на гаџети кои се склоп на практичност и голема смисла за хумор. Одлични се за интересни подароци за повеќе генерации, па ако нѐ следите на социјалните мрежи ќе имате можност да ги погледнете наскоро или директно во Румор шоп.

Веќе е препознатлив изгледот на една „Румор“ жена = сензуална, полна со самодоверба и стил, а каков имиџ на маж создава машката колекција на Румор?

Машката колекција ја развиваме паралелно со женската. Најчесто почетна точка е поимот за унисекс, но не на самите парчиња како што е тоа стандардно третирано. Нас повеќе нѐ интересира унисекс поимот од аспект на материјалите, па најчесто се трудиме да го постигнеме тоа со различен третман во нашето atelier. Тоа резултира со имиџ на еден маж кој е сѐ, само не е Italian мачо. Ние би го нарекле боемски шик и relax. Тој знае дека едноставното треба да е квалитетно и е полн со самодоверба за својата мажественост и урбано подготвен за брз живот.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот Ковачевски со сопругата Елена, на прием кај американскиот претседател Бајден

Редакција

Инфрацрвена сауна долгорочна инвестиција во здравје и благосостојба на организмот!

Редакција

(ВИДЕО) Почина легендарниот Зафир Хаџиманов како последица од компликации со Ковид-19

Редакција