еМагазин
Image default
Свет

Русија испраќа воени бродови крај Сирија

Руските власти соопштија денеска дека крај сирискиот брег испраќаат два воени брода вооружени со крстосувачки ракети и ја обвинија Анкара за смртта на 33 турски војници во сирискиот регион Идлиб.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека припадници на турската војска, кои синоќа се најдоа под удар на сириските сили, воопшто не требало да се наоѓаат на таа локација.

Москва тврди дека штом се утврдило дека на местото каде сириските сили извршиле напад се наоѓале припадници на турската војска, Русија веднаш го контактирала официјален Дамаск за што побрзо да се запре воената акција.

Потоа, како што наведува руското Министерство, Русија организирала безбедна евакуација на турските војници на територијата на Турција.

Во напад на сириски сили во Идлиб вчера загинаа 33 турски војници и ранети се уште 32 со што бројот на турску војници кои настрадаа во тој регион во овој месец е 54.

Веднаш потоа, турската војска изведе копнени и воздушни напади на позициите на сириските сили.

„Нашата војска, со поддршка од воздух и од копно, изведува напади на позициите на режимот (на сирискиот претседател Башар ал Асад). Ќе продолжиме со напади“, беше соопштено од кабинетот на претседателот на Турција.

Во меѓувреме, турската информативна агенција Анадолија објави снимка од нападите на турските сили на позициите на сириската војска во провинцијата Идлиб.

МИА/Фото: Alaraby

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа нова криза: Турција го отвора патот за сириските бегалци кон Европа?

(Видео) На повидок војна меѓу Турција и Русија на тлото на Сирија по загинувањето на 33 турски војници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од почетокот на инвазијата на Украина, Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани, оценува „Економист“

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Во Газа досега убиени најмалку 3.300 деца

Редакција

„Модерна“: Нашата вакцина за Ковид-19 ќе обезбеди заштита до две години

Редакција