еМагазин
Image default
Македонија

Русија: Пристапувањето на Македонија во НАТО никому нема да донесе добро

Претседавачот на Комитетот за меѓународни односи при Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, оцени дека тоа што Македонија го потпиша пристапниот протокол за НАТО претставува можеби симболичен чин, но е важен за Алијансата, имајќи го предвид реастечкиот судир помеѓу Алијансата и Москва.

-Ова е повеќе симболичен отколку практичен чекор, бидејќи станува збор за мала земја која нема никаква важност за НАТО. Но, ова, сепак, е важно за Алијансата имајќи го предвид судирот со Русија, која постојано укажува на деструктивната улога на НАТО како остаток од Студената војна.

Според него, целиот случај околу Македонија покажува дека е оправдано руското незадоволство во врска со Алијансата. Укажува и дека критиката на американскиот претседател Доналд Трамп на сметка на НАТО овде одиграла клучна улога.

-Тоа несомнено ги алармирало официјалните лица на Алијансата во Брисел кои сега чинат се’ да му покажат на Вашингтон дека НАТО стои добро и дека се шири, вели Косачев.

Рускиот сенатор верува дека пристапувањето во НАТО нема да и донесе добро ниту на Македонија, ниту на европската безбедност.

-Сегашната генерација европски политичари, сепак, не е во состојба да го увиди тоа и постојано се обидува со рецепти од 20-от век да реши проблеми од 21-от век, заклучува Косачев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија: Единствена закана за Македонија е косовската армија обучена од НАТО

Членството во НАТО годишно ќе не чини 1,2 милиони евра

НАТО ќе користи „македонски јазик“ откако ќе заврши преспанскиот процес

„Влеговме во НАТО, сега уште во 21 век да влеземе и ок сме„: Твитер се „загреа“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп му честита на Иванов: Договорот од Преспа го отвора патот до НАТО и ЕУ

Никола Осило

Листата на советници на премиерот Зоран Заев се зголемува на 40 лица

Никола Осило

Индекс на демократија 2018: Македонија се уште во категоријата „хибридни режими“

Редакција