еМагазин
Image default
Локално

„Руски рулет“ во јавниот превоз во Тетово и Гостивар: Третина возила неисправни

На 08.10.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за техничка исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси-комбиња, информира МВР.

Во акцијата биле контролирани 95 возила (ТЕ-65 и ГВ-30 ) и биле откриени 37 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-21).

Од контролираните возила, 16 имале неисправни сопирачки (ТЕ-11 и ГВ-5), три неисправни други уреди (ТЕ-1 и ГВ-2), четири истечена регистрација (ГВ), 12 неизвршен технички преглед (ТЕ-4 и ГВ-8), а на 2 возила им недостигала опрема.

За откриените прекршоци изречени се 37 прекршочни платни налози и четири барања за поведување на прекршочна постапка, додека 22 возила веднаш се исклучени од сообраќај.

При вчерашната контрола, исто така, констатирани се и четири останати прекршоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пиштол се расчистувала сметка во угостителски објект на плоштад Македонија

Никола Осило

Двајца го тепале пред дискотека во Прилеп

На Табановце приведен Белгиец баран од Интерпол

Никола Осило