еМагазин
Image default
Македонија

Рускиот амбасадор Баздникин: Одлуките кои ќе бидат донесени наредните недели да бидат волја на граѓаните, а не наметнати однадвор

Република Македонија доживува клучен момент во својата историја, а од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на државата, порачал денеска новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Сергер Бездникин на предавањето на акредитивните писма на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

– Од голема важност е тие да бидат донесени строго во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава. Да претставуваат недвосмислен одраз на волјата на граѓаните на Република Македонија, а не да бидат наметнати однадвор. Да го обединуваат, а не разединуваат општеството. Да почиваат на фундаменталните принципи на меѓународното право зацртани во Повелбата на  ООН, а не на политичката конјунктура, нагласил амбасадорот Баздникин.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на предавањето на акредитивните писма од страна на Баздникин, претседателот Иванов истакнал дека македонско – руските односи, кои имаат долга и богата традиција на искрено пријателство и меѓусебно разбирање, и натаму успешно ќе се развиваат и интензивираат во сите сфери од заемен интерес.

– Национален интерес на Република Македонија се евроатлантските интеграции, но едновремено придаваме големо значење на севкупното продлабочување на односите со Руската Федерација, со посебен акцент на економската соработка. Оттука, очекуваме натамошно интензивирање на соработката, особено во делот на енергетиката, земјоделството, градежништвото и туризмот, како и инвестициските активности, рекол претседателот Иванов.

Рускиот амбасадор Баздникин подвлекол дека повеќевековните историски и духовни врски, кои тесно ги поврзуваат народите на двете земји, станале цврста основа за градење на руско-македонската соработка, особено во сферите на трговско-економските и инвестициските врски како и во областа на културата, образованието, науката и спортот.

– Цврсто сум убеден дека сестраното продлабочување на партнерството меѓу Русија и Македонија целосно им одговара на исконските интереси на народите на нашите две земји, а и на цела Европа. Руската Федерација се залага за унапредување на соработката со Република Македонија врз принципите на рамноправност и заемна полза, рекол амбасадорот Баздникин.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блокадата на Бугарија носи опасност и за Преспанскиот договор, чија имплементација зависи од интеграцијата во ЕУ, вели Шекеринска

Редакција

Во Кривичен рочишта за „Траекторија“, „Триста“ на СЈО и за убиството на Саздовски

Редакција

Трамп му пишал на Заев: Северна Македонија е голем партнер на САД, честитки за храброто лидерство

Редакција